Ерозијата
предизвикана од ветерот или еолската ерозија, подразбира однесување на почвата
под влијание на ветерот. При тоа треба да се истакне дека со еолската ерозија
се однесува највредниот дел од почвата. Интензитетот на ерозијата со ветерот
зависи од јачината на ветерот. Поради тоа од големо значење се: траењето,
турбуленцијата и правецот на ветерот. Ерозијата предизвикана од ветерот особено
вклучува и рамни ловршшш, кои не се покриени со вегетација. Вегетацијата,
односно надземните органи на растенијата, ги намалуваат ударите на ветерот, а
коренот сам ја задржува почвата. Сувата почва, односно почвата со помала
содржина на органска материја и нестабилна структура е поподложна на еолска
ерозија. Почвата која се карактеризира со поголемо учество на честички поголеми
од 1 mm, помалку е изложена на еолска ерозија. Ветерот обично ги носи
честичките со големина од 0,02 до 0,8 mm. Затоа почвите кои имаат голема
содржина на фшг песок и мала содржина на органски материи и ако се суви, лесно
еродираат со ветерот.
Ерозијата
предизвикана од ветерот и водата покрај тоа што ја однесува плодната почва,
туку предизвикува и други штети. Водата го измива кореновиот систем, а ветерот
механички ги оштетува растенијата. Горниот дел од обработливата почва кој
содржи ѓубрива и пестициди, се однесува на други површини, каде можат да
предизвикаат непожелни последици. Ерозијата го помага и ширењето на плевелите.
Ерозијата може да има големо влијание и на квалитетот на површинските води.
Значењето на човекот во процесот на
развитокот на почвата е поврзано пред се со неговата агротехничка дејност (обработка,
ѓубрење, одгледување на одделни култури, сушење на мочуришта, наводнување,
создавање на различни агроценози и др.). Меѓутоа, човекот во однос на почвата,
често пати има деструктивно влијание (намалување на плодноста, зголемување на
ерозивните процеси со сечење на шумите и др.).