Tuesday, December 31, 2013

Загадување на почвата


Најчестиот вид на деструкција на почвата е ерозијата. Под ерозија на почвата се подразбирааат процеси кои доведуваат до однесување и разорување на почвата. Тоа е природна појава, која се одвивала и пред појавата на цивилизацијата, само што со активноста на човекот се забрзуваат ерозивните процеси. Затоа во стручната терминологија се кроисти поимот: антропогена ерозија. Губењето на почвата и намалувањето на нејзината плодност преку ерозијата може да биде многу големо.


Ерозијата денеска претставува голем еколошки проблем, во светски размери, посебно на почви каде што неплански се врши сеча на шумите. Ерозијата може да биде предизвикана од водата или ветерот. Рушењето ка крајбрежјето на морињата и езерата, под влијапие на брановите се нарекува абразија. Ерозијата на коритата на водените текови се вика флувијална ерозија. Однесувањето и одлагањето на песокот и другн некохерентни почви по пат на ветерот се вика еолска ерозија. Иригационата ерозија може да ја предизвика водата при наводнувањето на земјоделските површини. Глацијалната ерозија предизвикува движење на мразовите и лавините. Суфозија е внатрешна ерозија на подземната вода односно површинската вода која се инфилтрира во почвата. Секој ерозивен процес, претставува збир од следните појави: почетно двнжење на честичките од почвата со различна големина, пренесување на придвижените честички и одлагање на честичките. Најголем дел од ерозионите наноси, потекнува од ораниците кои неправилно се користат

No comments:

Post a Comment