На глинеста
почва водената ерзозија започнува при пад од 0,5 до 1°, а на песоклива од 1 до
2о Силна ерозија настанува при пад на теренот поголем од 5°. Однесувањето на
почвата при ерозијата со вода, зависи не само од падот на почвата (закосување),
туку и од карактеристиките на истата и интензитетот и количината (на
дождовите). Почвите со постабнлна структура се поотпорни на ерозионите процеси.
Пропусливите, песокливи почви се помалку изложени на делување на ерозијата од
помалку пропустливите иловести и глинести почви. Вегетацијата е важен фактор
при ерозијата. Растенијата го ублажуваат ударот на дождовните капки. Тие
придонесуваат кон намалување на брзината на истекување на водите низ падините и
ги подобруваат физичките карактеристики на почвата. Количината и интензитетот
на дождовите се исто така многу важни. Особено со зголемување ва интензитетот
на дождовите, доаѓа до зголемена ерозија. Почвите кои се донесени од падините,
се насобираат на подножјето, при што се добиваат т.н. колувијални почви.
No comments:
Post a Comment