Tuesday, December 31, 2013




Ерозијата предизвикана од ветерот или еолската ерозија, подразбира однесување на почвата под влијание на ветерот. При тоа треба да се истакне дека со еолската ерозија се однесува највредниот дел од почвата. Интензитетот на ерозијата со ветерот зависи од јачината на ветерот. Поради тоа од големо значење се: траењето, турбуленцијата и правецот на ветерот. Ерозијата предизвикана од ветерот особено вклучува и рамни ловршшш, кои не се покриени со вегетација. Вегетацијата, односно надземните органи на растенијата, ги намалуваат ударите на ветерот, а коренот сам ја задржува почвата. Сувата почва, односно почвата со помала содржина на органска материја и нестабилна структура е поподложна на еолска ерозија. Почвата која се карактеризира со поголемо учество на честички поголеми од 1 mm, помалку е изложена на еолска ерозија. Ветерот обично ги носи честичките со големина од 0,02 до 0,8 mm. Затоа почвите кои имаат голема содржина на фшг песок и мала содржина на органски материи и ако се суви, лесно еродираат со ветерот.

Ерозијата предизвикана од ветерот и водата покрај тоа што ја однесува плодната почва, туку предизвикува и други штети. Водата го измива кореновиот систем, а ветерот механички ги оштетува растенијата. Горниот дел од обработливата почва кој содржи ѓубрива и пестициди, се однесува на други површини, каде можат да предизвикаат непожелни последици. Ерозијата го помага и ширењето на плевелите. Ерозијата може да има големо влијание и на квалитетот на површинските води.
Значењето на човекот во процесот на развитокот на почвата е поврзано пред се со неговата агротехничка дејност (обработка, ѓубрење, одгледување на одделни култури, сушење на мочуришта, наводнување, создавање на различни агроценози и др.). Меѓутоа, човекот во однос на почвата, често пати има деструктивно влијание (намалување на плодноста, зголемување на ерозивните процеси со сечење на шумите и др.).













На глинеста почва водената ерзозија започнува при пад од 0,5 до 1°, а на песоклива од 1 до 2о Силна ерозија настанува при пад на теренот поголем од 5°. Однесувањето на почвата при ерозијата со вода, зависи не само од падот на почвата (закосување), туку и од карактеристиките на истата и интензитетот и количината (на дождовите). Почвите со постабнлна структура се поотпорни на ерозионите процеси. Пропусливите, песокливи почви се помалку изложени на делување на ерозијата од помалку пропустливите иловести и глинести почви. Вегетацијата е важен фактор при ерозијата. Растенијата го ублажуваат ударот на дождовните капки. Тие придонесуваат кон намалување на брзината на истекување на водите низ падините и ги подобруваат физичките карактеристики на почвата. Количината и интензитетот на дождовите се исто така многу важни. Особено со зголемување ва интензитетот на дождовите, доаѓа до зголемена ерозија. Почвите кои се донесени од падините, се насобираат на подножјето, при што се добиваат т.н. колувијални почви
Загадување на почвата


Најчестиот вид на деструкција на почвата е ерозијата. Под ерозија на почвата се подразбирааат процеси кои доведуваат до однесување и разорување на почвата. Тоа е природна појава, која се одвивала и пред појавата на цивилизацијата, само што со активноста на човекот се забрзуваат ерозивните процеси. Затоа во стручната терминологија се кроисти поимот: антропогена ерозија. Губењето на почвата и намалувањето на нејзината плодност преку ерозијата може да биде многу големо.


Ерозијата денеска претставува голем еколошки проблем, во светски размери, посебно на почви каде што неплански се врши сеча на шумите. Ерозијата може да биде предизвикана од водата или ветерот. Рушењето ка крајбрежјето на морињата и езерата, под влијапие на брановите се нарекува абразија. Ерозијата на коритата на водените текови се вика флувијална ерозија. Однесувањето и одлагањето на песокот и другн некохерентни почви по пат на ветерот се вика еолска ерозија. Иригационата ерозија може да ја предизвика водата при наводнувањето на земјоделските површини. Глацијалната ерозија предизвикува движење на мразовите и лавините. Суфозија е внатрешна ерозија на подземната вода односно површинската вода која се инфилтрира во почвата. Секој ерозивен процес, претставува збир од следните појави: почетно двнжење на честичките од почвата со различна големина, пренесување на придвижените честички и одлагање на честичките. Најголем дел од ерозионите наноси, потекнува од ораниците кои неправилно се користат